• сабота, 23 ноември 2024

Советот на општина Дебар го усвои буџетот за следната година, ќе тежи над 411 милиони денари

Советот на општина Дебар го усвои буџетот за следната година, ќе тежи над 411 милиони денари

Дебар, 29 декември 2023 (МИА) - Советот на општина Дебар, на денешната седница, со која раководеше претседателот Фуат Спахиу, со мнозинство гласови го усвои Предлог-буџетот на општината за 2023 година.

Буџетот тежи 411 милиони и 619 илјади денари што е за 15,1 милиони потежок споредно со проектираниот буџет за оваа година.

-Во делот на приходите кај ставката основен буџет планирани се 127,5 милиони денари, при што максималниот износ на сопствени приходи во основниот буџет се 91 милион денари. Дотациите се проектирани на 267,6 милиони, додека донации 5,6 милиони денари. Тековни оперативни расходи во основниот буџет се планирани во износ од 99,1 милиони денари, додека за капитални расходи 28,4 милиони денари, што е 24 отсто од основниот буџет, образложи меѓу другото Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии.

Градоначалникот Хекуран Дука, пред советници најави дека 2024 година ќе биде година на капитални инвестиции, за што освен веќе добиените проекти, подготвени се најмалку 20 други, со кои ќе се обратат до домашни и странски инститции за нивна реализација, дел од нив и со кофинансирање од страна на локалната самоуправа.

- Годината што е пред над, ќе биде година на капитални инвестиции. Планираме реализација на проекти од областа на инфраструктурата, пред се патната, како во градот, така и во населените места. Ќе бидат реконструирани многу улици со што секој дел од градот ќе ја добие потребната инфраструктура. Оштетените патишта и ударните дупки ќе останат во минатото, рече Дука.

На седницата, членовите на советот ја усвоија и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за идната година во општина Дебар, а разгледаа и други прашања од нивна надлежност. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан