• петок, 05 декември 2025

Советот на Општина Дебар апелира до сите учесници на достоинствена кампања, фер и демократски изборен процес

Советот на Општина Дебар апелира до сите учесници на достоинствена кампања, фер и демократски изборен процес

Дебар, 17 септември 2025 (МИА) - Советот на Општина Дебар ја одржаа 56-та и последна седница во четиригодишниот мандат, апелирајќи  до политичките партии и учесниците на локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври, на достоинствена кампања и фер и демократски изборен процес.

-Апелираме до сите учесници  изборниот процес да се спроведе мирно, демократски и со демонстрирање на демократските доблести што традиционално ги красат жителите на општина Дебар. На новиот состав на Советот му посакуваме успешна работа во интерес на сите жители, порача Фуат Спахиу, претседател на Советот, резимирајќи ги дискусиите на советниците.

Тој уште со оценка дека успеале да ја „реализираат Програмата и да спроведат низа активности и проекти во интерес на граѓаните“.

-Во овој период беа реализирани многу проекти, беа надминати меѓупартиските проблеми и, во суштина, советниците работеа во интерес на Општината и нејзините граѓани.  Соработката меѓу советниците, без оглед на политичката припадност, беше на ниво, а активностите на Советот, во соработка со градоначалникот, која беше на високо ниво, овозможија подобрување на животот на граѓаните и во градот и во селата, рече Спахиу.

Градоначалникот Хекуран Дука, кој редовно учествуваше на седниците на Советот, истакна дека Советот имал мултиетнички состав и со различни политички убедувања, но дека секогаш работел со заедничка цел за доброто на општината и нејзините жители.

- Горд сум што успеав да одржам здрава комуникација со Советот, што оставам зад себе општинска администрација каде што мнозинството се млади луѓе со нови визии, што оставам зад себе стабилен општински буџет, со инвестициски капацитет во капитални проекти и без долгови, што оставам зад себе бројни проекти во фаза на имплементација, како и добра практика на управување, заснована на закони и транспарентност, оценета како меѓу највисоките во Северна Македонија, рече Дука.

Додаде дека ова е четиригодишна историја што ќе се памети по имплементацијата на проекти што решија многу инфраструктурни проблеми во градот и селата.

-Се надевам дека следниот состав на новиот Совет и градоначалник, ќе ја продолжат оваа практика, доведувајќи ја на повисоко ниво на ефикасност, нагласи Дука.

Советот, кој брои 15 членови, го сочинуваа 6 советници од ДУИ, тројца од Алијанса за Албанците и по двајца од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива. вт/мд/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан