• понеделник, 23 декември 2024

Советот на Општина Градско доби дигитализирана сала за пренос во живо на седниците

Советот на Општина Градско доби дигитализирана сала за пренос во живо на седниците

Велес, 29 ноември 2023 (МИА) - Советот на Општина Градско доби дигитализирана сала за пренос во живо на седниците, која е во вредност од 11.200 долари.

Градоначалникот Киро Нацков информира дека дигитализацијата на салата за Советот на Општина Градско, преку поставување на видео и аудио опрема за пренесување на седниците во живо (on-line streaming) на официјалните веб страни, фејсбук и јутјуб и архивирање на снимените седници на веб страните на општините е овозможено со финансиска поддршка од УНДП, Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа преку проектот „Зајакнување на општински совети-фаза2".

-Со овој проект  жителите  на Општина Градско  добија можност за  поголем пристап до повеќе информации,.Воедно  со пренесување преку оваа опрема на седниците во живо ќе се овозможи и поголема транспарентност на работата на локалната самоуправа и работата на Советот.Воедно ќе им се овозможи и на жителите од населените места во Општина Градско да имаат можност да се вклучат во процесот на донесување на Одлуки во нивните заедници, рече Нацков.

Тој појасни дека  жителите ќе можат да се информираат на страната на Општина Градско кој ден и во колку часот ќе се одржуваат седниците на Советот на Општина Градско.ад/фф/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан