• вторник, 24 декември 2024

Советот на Кавадарци даде согласност да му даде на користење недвижен имот на градскиот фудбалски клуб

Советот на Кавадарци даде согласност да му даде на користење недвижен имот на градскиот фудбалски клуб

Кавадарци, 19 април 2024 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци даде согласност да му даде на користење недвижен имот на градскиот фудбалски клуб „Тиквеш1930 АД Кавадарци".

На денешната вонредна собраниска седница, советниците едногласно одлучија да биде склучен договор за послуга (користење) на недвижен имот, од страна на градоначалникот кој ја претставува локалната самоуправа и од извршниот директор на клубот, Миле Масларков. 

- Со овој договор, послугодавачот дава на послуга недвижен имот заради обавување на дејноста, натпреварување во прва македонска фудбалска лига, а послугопримачот го прима имотот и се обврзува дека ќе го користи со внимание на добар домаќин и стопанственик, пишува во одлуката. 

Договорот важи за период од десет години. свд/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан