• сабота, 23 ноември 2024

Советот на ЕУ ја назначи Илијана Иванова за нов еврокомесар

Советот на ЕУ ја назначи Илијана Иванова за нов еврокомесар

Брисел, 19 септември 2023 (МИА) – Европскиот совет денеска официјално ја именуваше Илијана Иванова за нов еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, по заеднички договор со претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен.

Иванова, која е именувана на предлог на Бугарија, ќе биде членка на Европската комисија до истекот на нејзиниот сегашен што трае до 31 октомври 2024 година. Иванова доаѓа на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста еврокомесар за да ја преземе функцијата бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи.

Денешното именување на Иванова доаѓа откако Европскиот парламент минатата недела со 522 гласови „за“, 27 „против“ и 51 „воздржани ја одобри нејзината номинација. 

Согласно член 246 од Договорот за функционирање на Европската Унија, испразнето место на член на Еврокомисијата се пополнува до крајот на актуелниот мандат со нов член од истата земја членка на ЕУ. Новиот член го именува Советот, во договор со претседателот на ЕК и по консултации со Европскиот парламент.

Остани поврзан