• сабота, 22 февруари 2025

Советот на Европа во пресрет на третата годишнина од војната: Борбата за Украина е борба за правда

Советот на Европа во пресрет на третата годишнина од војната: Борбата за Украина е борба за правда

Стразбур, 21 февруари 2025 (МИА) - Борбата за Украина е борба за правда, закрепнување и право на украинскиот народ сам да ја обликува својата судбина, изјави генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсет.

Во пресрет на 24 февруари, кога се навршуваат три години од почетокот на руската инвазија врз Украина, Барсет го објави извештајот на СЕ во кој истакнува дека Советот и помогнал на Украина како членка.

„Секој ден додека трае руската агресивна војна против Украина, се губат животи, се краде иднината на децата, се шири уништувањето, а на удар се самите основи на меѓународното право и поредокот заснован на правила“, наведе генералниот секретар во извештајот објавен од Советот на Европа.

Тој нагласи дека демократијата, човековите права и владеењето на правото се „темелите на нашите општества“ и дека овие вредности ќе продолжат да бидат насоки за активностите на Советот на Европа во Украина.

Фокусот на извештајот е на клучните компоненти на одговорот на Советот на Европа на воената состојба, како што се исклучувањето на Русија од организацијата во март 2022 година, усвојувањето и имплементацијата на Акциониот план за 2023-2026 година за поддршка на отпорноста, закрепнувањето и обновата на Украина, работата на Русија одговорна за нелегалната војна на Украина, како и помагањето на децата во Европа, како и за помошта на Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан