• сабота, 23 ноември 2024

Советот на амбасадори очекува од Бугарија како членка на ЕУ да гарантира еднакви права на сите етнички групи

Советот на амбасадори очекува од Бугарија како членка на ЕУ да гарантира еднакви права на сите етнички групи
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Советот на амбасадори внимателно ги следи настаните во врска со основањето здруженија на граѓани со називи на имиња на историски личности со сомнителен политички, етички или морален бекграунд, а по иницијатива на групи граѓани во земјава со бугарска етничка самосвест. -Советот смета дека одредени недоразбирања и реакции на јавноста во однос на основањето на здруженија со дискутабилни имиња се резултат на недореченостите во Законот за здруженија и фондации и Законот за трговски друштва и недоследната примена на законските определби од страна на Централниот регистер, стои во соопштението на здружението. Советот, стои во документот, смета дека согласно Чл. 11 став 2 од Европската Конвенција за човековите права и слободи „остварувањето на овие права може да се ограничи само со Закон и само доколку тоа е неопходно во едно демократско општество...”, што е реалност во овие случаи. -Советот смета дека ограничувањата предвидени во Европската конвенција за човекови права и слободи во никој случај не се во надлежност на Комисијата против дискриминација, не се во надлежност на аналитичарите, поготово не во надлежност на Советот на општина Благоевград туку во надлежност на законодавните домови на двете земји, а сето тоа во склад со европското право, се наведува во соопштението. Совет на Амбасадори во оваа прилика ја изразува својата загриженост од практиката на верижно основање на културни здруженија со спорни историски имиња во државава, како и за засилената реторика на потценување на македонските јазични и културни вредности од страна на одредени бугарски парламентарци, политичари и историчари. -Бранејќи го неприкосновеното право на македонските граѓани со бугарска етничка самовест за основање на граѓански здруженија, но со имиња на лица или други соодветни називи, кои не предизвикуваат политичка, етничка, религиозна, полова или расна нетрпеливост, Советот на амбасадори очекува од Република Бугарија, земја членка на Европската Унија, да им гарантира на сите етнички групи, вклучувајќи ги тука и Македонците кои од одамна живеат во соседна Бугарија, еднакви права како што имаат етничките Бугари во Северна Македонија, заклучува Советот на амбасадори. нд/бак/

Остани поврзан