• сабота, 23 ноември 2024

Советот на амбасадори избра нов претседател

Советот на амбасадори избра нов претседател

Скопје, 30 јуни 2023

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја информира јавноста дека на 26 јуни 2023, понеделник, беше одржано ново редовно годишно Собрание на организацијата.

Членовите на македонскиот Советот на амбасадори ја анализираа нивната работа во изминатиот период после Годишниот извештај поднесен од досегашниот претседател, амбасадорот Мухамед Халили, кому му беше изразена благодарност  за ангажманот, со заклучок дека  Советот зазеде свое место и даде свој придонес на јавната  сцена со позитивен влијание во дебатите поврзани со македонската надворешна политика. Моделот на функционирање и резултатите од делувањето на Советот покажаа дека членството има заедничка  цел и делува кохерентно без разлика на  политичките, културните или етничките обележја на амбасадорите, што е добар пример на кој можат да се угледаат  и останати слични организации кога се во прашање интересите на државата  што се претставува. 

Собранието на Советот на амбасадори ги избра и новите органи на здружението. За претседател е избран амб. Ѓорѓи Филипов, а за потпретседатели амб. Елеонора Петрова и амб. Азис Положани. За членови на Извршниот одбор, покрај нив се избрани и амб. Љупчо Арсовски, амб. Тихомир Илиевски, амб. Нано Ружин, амб. Мухамед Халили, амб. Александра Наќева Ружин, амб. Илијаз Сабриу и Амб. Зоран Јолевски. 

Новиот претседател на СА на МК, Ѓорѓи Филипов е македонски дипломат, стопанственик, професор и публицист. Бил амбасадор на Република Македонија во СР Германија (2005–2010) и Австрија (2010–2014), како и нерезидентен амбасадор во Јапонија (2011–2014) и во Словачка (2012–2015). Филипов е прв директор на Заводот за индустриска сопственост на Република Македонија (1993-1999). Бил Тој е постојан член на Европската академија на науки и уметности со седиште во Салцбург, професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ во Скопје, но покрај научни и стручни трудови, објавува и книги со есеи, раскази и патеписи. Член е на Советот на Европскиот патентен институт (EPI) во Минхен, на Европската асоцијација за трговски марки (ECTA)  во Брисел, на Интернационалната федерација на застапници за интелектуална сопственост (FICPI) во Париз, на Германското Друштво за Југоисточна Европа (SOG) во Минхен, на Германското друштво за надворешна политика (DGAP)  во Берлин и на Меѓународната асоцијација на трговски марки (INTA), седиште во Њујорк.  

Беше координатор на  македонскиот дел и ко-претседавач на  Меѓународната група експерти за трговските марки, формирана како обврска на договорните страни од Преспанскиот договор.

Совет на амбасадори

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Лого

Остани поврзан