• сабота, 23 ноември 2024

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот на ИД во Иран

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот на ИД во Иран

Њујорк, 4 јануари 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН денеска го осуди „кукавичкиот терористички напад“ во Иран, каде во средата загинаа 84 лица, а беа ранети 284, а ИД објави дека го извршила.

Членовите на Советот за безбедност на ОН „најостро го осудуваат кукавичкиот терористички напад што се случи во градот Керман“, во близина на џамијата Сахеб ал-Заман, каде е гробот на генералот Сулејмани, кој беше убиен во јануари 2020 година во напад од американски дрон во Ирак.

Во соопштението се додава дека се изразува сочувство до семејствата на жртвите.

„Тероризмот во сите негови форми претставува една од најопасните закани за меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението, додавајќи дека „авторите, организаторите, финансиерите и поддржувачите на овие дела треба да бидат изведени пред лицето на правдата“.

ИД преку Телеграм објави дека двајца нејзини борци „активирале појаси со експлозив“ среде „голем собир отпадници во близина на гробот на нивниот водач Касем Сулејмани“.

Тоа е најсмртоносниот напад во Иран од 1978 година, кога 377 лица загинаа во подметнат пожар во кино во градот Абадан. зш/

Остани поврзан