• вторник, 24 декември 2024

Советот на ЈО ги предлага Абази и Рајевска за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Советот на ЈО ги предлага Абази и Рајевска за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) – Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО. За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски. Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители. На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп. aa/са/

Остани поврзан