• понеделник, 23 декември 2024

Советничката од Австриската зелена партија, Хајди Секвенц, ѝ изрази поддршка на Ана Петровска

Советничката од Австриската зелена партија, Хајди Секвенц, ѝ изрази поддршка на Ана Петровска
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Се вмрежуваме со советници, со Зелена агенда низ цела Европа, за да можеме да ги прифатиме нивните искуства и да ги имплементираме во нашата програма за Зелено и хумано Скопје, најави денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска. На прес-конференцијата на која присуствуваше и членката на Австриската зелена партија во советот на Виена, Хајди Секвенц, Петровска изјави дека споделуваат заеднички вредности, а Секвенц е тука, да, како што рече, „ни ја искаже својата помош и поддршка“ и најави дека утре, исто така, ќе имаат соработка со претставници од партија Зелени од Германија. Секвенц изјави дека сакаат град кој е удобен за живот и каде што луѓето не треба да се преселуваат во нивните куќи на страна, бидејќи не можат да го поминат летото во градот бидејќи е премногу топло. - Еден од најголемите проблеми во Австрија сега е уништувањето на почвата преку нејзино покривање со непропустливи материјали, ние сме европски шампиони во тоа. Друг проблем е што мора да превенираме два огромни автопати кои се градат околу и во Виена, бидејќи знаеме дека повеќе улици значи повеќе метеж, а нам не ни треба тоа, посочи Секвенц. Таа дополни дека токму поради тоа што имаат исти цели тука е да ја поддржи Петровска и Зелениот хуман град. ар/сп/

Остани поврзан