• сабота, 16 ноември 2024

Советник на ИРГЦ: Иран нема да покаже воздржаност доколку „непријателската агресија“ ги премине црвените линии

Советник на ИРГЦ: Иран нема да покаже воздржаност доколку „непријателската агресија“ ги премине црвените линии

Техеран, 15 април 2024 (МИА) – Иран нема да покаже воздржаност кога ќе се преминат неговите црвени линии, изјави денеска главниот советник на командантот на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ирај Масџеди, пренесе Си-Ен-Ен повикувајќи се на иранската државна новинска агенција ИРНА.

- Исламската Република не бара војна, но нема да ни покаже воздржаност пред непријателската агресија против нејзините црвени линии, рече Масџеди.

Тој додаде дека додека САД го повикуваа Иран да покаже воздржаност, „истовремено, тие ги поддржаа акциите на израелскиот режим“.

- Иран нема да се двоуми да даде бурен и обединет одговор на какви било акти на агресија, рече началникот на иранската армија, генерал-мајор Абдолрахим Мусави, за време на денешното обраќање по повод Денот на националната армија во Иран.

- Одмаздничките напади на Иран против Израел изминатиов викенд, наречени Операција „Вистинско ветување“, беа спроведени во соработка со воздушната дивизија на ИРГЦ, Армијата и Министерството за одбрана, рече Мусави. Иран неодамна спроведе многу заеднички воени вежби за да ја зајакне својата национална безбедност, додаде тој.

- Неодамнешниот напад покажа дека (израелските) системи за противвоздушна одбрана и Железната купола во никој случај не се пречка против иранските ракети, подвлече Масџеди. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан