• сабота, 16 ноември 2024

Совети за здрав оброк за контрола на тежината, чини околу 100 денари

Совети за здрав оброк за контрола на тежината, чини околу 100 денари

Лос Анџелес, 13 ноември 2023 (МИА) - Фитнес-тренерoт Ема Логсдон неодамна на својот Тикток-профил објави кој оброк придонел за нејзиниот губиток на вишокот килограми.

- Ова е мојот главен ручек за којшто се потребни две минути да се подготви... Има 40 грама протеини и чини помалку од два долари, вели таа во нејзиното видео.

@emlogsdon.fit cheap, good, AND healthy ?! 🤤 #diet #highprotein #gym #weightloss ♬ Aesthetic - Tollan Kim

Таа потоа го објаснува рецептот што „чини околу 100 денари“ и содржи варен ориз, варена боранија, печено пилешко и малку авокадо. За сѐ тоа, девојката користи и вага за да знае колку точно протеини, јаглехидрати и масти ќе има нејзиниот оброк.

Фората, според Ема, е во тоа да се земе од сите производи во поголеми количини (за да се заштеди време) и потоа тие се делат на помали порции, заради заштеда на пари

Како што Ема истакнува на крајот од видеото, нејзиниот оброк содржи 472 калории, 40 грама протеини, 13 грама масти и 48 грама јаглени хидрати.  си/

Фото: Тикток

Остани поврзан