• среда, 27 ноември 2024

Совети за воспитувањето деца без емпатија

Совети за воспитувањето деца без емпатија

Лос Анџелес, 17 октомври 2023 (МИА) - Емпатијата е способност на човек да ги разбере и сочувствува со другите луѓе. Иако многу родители се трудат да го воспитаат своето дете еден ден да стане емпатична (сочувствителна) личност, за некои тоа оди потешко и треба посебно внимание. Како што објаснува американскиот психолог Мишел Борба, постојат признаци за препознавање дете со недостаток на емпатија.

- Детето кое нема емпатија има и склоност да ги повредува луѓето околу него затоа што честопати кажува или прави непромислености, вели Борба.

Детето со недостаток на сочувство, исто така, вообичаено постојано да зборува за себе. Најчесто за своите достигнувања, без разлика дали некој од присутните го интересира или не, но и за „проблемите“ коишто „никој друг ги нема“.

- Тоа дете кое нема доволно развиена емпатија, има склоност да ги озборува и критикува сите оние кои не го делат неговото мислење... Таквото дете не може да се стави на местото на другиот, поради што често изгледа ладно кон туѓите лоши чувства или проблемите низ кои минуваат другите (деца). Обично е нечувствително за потребите на другите, односно може и да го набљудува тој некој на кого очигледно му треба помош и да не направи ништо за тоа, објаснува психологот.

Таа нагласува дека детето без емпатија има и големи проблеми да се дружи бидејќи мисли дека заслужува другите да му бидат „подредени“ и има право да добива услуги без да дава ништо за возврат. Кога некој ќе одбие, тоа дете со недостаток на сочувство, тоа го сфаќа како лична навреда и во многу случаи настанува караница или поостар судир.  си/

Фото: Интернет

Остани поврзан