• сабота, 21 декември 2024

Совети за вкусно-крцкави печени компири

Совети за вкусно-крцкави печени компири
Мелбурн, 30 септември 2021 (МИА) - Нутриционистка ја откри тајната што самата ја користи за приготвување печени компири, кои секојпат излегуваат крцкави. Лора Форд од Мелбурн, Австралија, го сподели рецептот од осум состојки на својот интернет-простор. Таа, имено, користи бели компири со црвена лушпа, „екстрадевствено“ маслиново масло, путер, свежи лисја од мајчина душичка и мед. „Овој печен компир предизвикува вистинска зависност. Совршена рамнотежа на слатко и солено, со крцкави рабови. Едноставно, нема да може да престанете да го јадете", напиша таа. Потребни состојки: - два килограми црвен компир. - две лажици екстрадевствено маслиново масло, - 50 грама путер, - зачини за сите намени, - сол и бибер, - една / две лажици мед (или јаворов сируп). Се става вода да зоврие и се додаваат компирите. Се приготвуваат 4-5 минути додека не омекнат, но да не станат кашести. Додека компирот се вари, рерната се загрева на 200 Целзиусови степени. Се става маслиновото масло и путерот се пржи во тава две минути - додека не се растопи. Се додаваат компирите и зачините, а потоа и сол и бибер. Компирот треба да биде рамномерно распореден и да не се преклопува - заради максимална крцкавост. Сѐ тоа се пече 30 минути, потоа се превртува и се пече уште 25-30 минути додека не стане крцкаво. Потоа се истура медот (или јаворов сируп) врз компирите, додека се топли.

Остани поврзан