• четврток, 26 декември 2024

Собјанин: Состојбата со Ковид-19 во Москва станува драматична

Собјанин: Состојбата со Ковид-19 во Москва станува драматична

Москва, 6 октомври 2020 (МИА) - Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин предупреди денеска дека главниот град на Русија се соочува со се потешка ситуација, како што се шири коронавирусот.

„Состојбата со Ковид-19 станува се потешка, дури и драматична, како што поминуваат деновите. Ние се приближуваме до бројките што беа кога бранот беше на својот пик. Бројот на хоспитализирани надмина 1.000 луѓе на ден. Бројот продолжува да расте", напиша Собјанин во својот блог.

Москва е прва според бројот на заразени со вирусот, а како и во повеќето земји во светот, бројот на пациенти расте. Главниот град на Русија забележа 311.559 случаи на коронавирус, од кои дури 4.082 во претходните 24 часа, а 5.401 починале од компликации. паг/

Остани поврзан