Собраќајна несреќа на патот Штип-Кочани, сообраќајот во прекин
- Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:45 часот меѓу три возила на магистралниот пат Штип-Кочани, кај на местото викано Чифличка крстосница. Според првичните информации од портп

Штип, 18 октомври 2022 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:45 часот меѓу три возила на магистралниот пат Штип-Кочани, кај на местото викано Чифличка крстосница.
Според првичните информации од портпаролот на СВР - Штип, Гордана Панајотова во несреќата има повредени лица.
Во тек е увид од страна на екипите на СВР – Штип, како и на јавен обвинител. Повеќе детали околу оваа несреќа, Панајотова најави за во текот на утрешниот ден.
Во моментов сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани на местото каде што се случила несреќата е во прекин и во двата правци.
Полициските службеници возилата ги пренасочуваат преку алтернативните патни правци за да се пристигне до Штип или Кочани. вдј/сп/
Фото: МИА Архива