Собрани 34 крвни единици во крводарителска акција во Кавадарци
- Обезбедени се вкупно 34 крвни единици во крводарителска акција денеска во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.

Кавадарци, 25 март 2025 (МИА) - Обезбедени се вкупно 34 крвни единици во крводарителска акција денеска во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
- Станува збор за уште една успешна крводарителска акција во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина - Скопје, во просториите на гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци. На оваа акција доброволно даруваа 34 крводарители, односно собрани се 34 единици крв. Со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции, соопштија од Црвениот крст.
Притоа упатија голема благодарност до учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција. свд/вг/
Фото: Црвен крст Кавадарци