• сабота, 06 декември 2025

Собрани 33 крвни единици на вонредната крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Собрани 33 крвни единици на вонредната крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Кочани, 14 август 2025  (МИА)  - Вкупно 33 крвни единици се собраа денеска на вонредната крводарителска акција што се одржа во просториите на Црвениот крст Кочани, во организација на локалната организација и со поддршка од тимот на Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Ова е 13. крводарителска акција во Кочани од почетокот на годината и прва вонредна, организирана поради зголемената потреба од крв и крвни продукти во летниот период.

Од Црвениот крст Кочани изразија благодарност до сите дарители, со посебен акцент на четворицата што првпат дарувале крв, како и на десетмината млади лица до 30 години кои активно се вклучиле во акцијата.

-Ги повикуваме сите граѓани и натаму да се приклучуваат на крводарителските акции. Доброволното дарување крв е единствениот начин да се обезбедат доволни резерви за спасување живот“, порачаа од Црвениот крст Кочани.

Поради државниот празник на 28 август, редовната месечна акција ќе се одржи една недела порано – на 21 август (четврток), во стандардниот термин од 8:30 до 14:00 часот, во просториите на Црвениот крст Кочани.  ис/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан