• понеделник, 23 декември 2024

Собраниска делегација учествуваше на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

Собраниска делегација учествуваше на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО
Скопје, 2 март 2021 (МИА) - Делегација на Собранието на Северна Македонија учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO. - Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието на Северна Македонија. На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на  Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски. Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030” и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради  пандемијата со Ковид-19. На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC). Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата. бак/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан