• сабота, 23 ноември 2024

Собраниската седница дополнета со законите за справување со енергетската криза

Собраниската седница дополнета со законите за справување со енергетската криза
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Дневниот ред на денешната 88. собраниска седница е дополнет со четири точки поврзани со мерките за справување со енергетската и економската криза. Три закони доаѓаат на предлог на Владата додека еден е на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство. Седницата беше закажана за 11 часот, но нејзиниот почеток доцни. На денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери тие биле информирани дека овие закони се пристигнати и оти ќе бидат ставени на дневен ред на оваа седница. Законите ќе се носат по скратена постапка. Станува збор за Предлог на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, измени и дополнување на законите за енергетска ефикасност и за енергетика, трите предложени од Владата, додека пратеници од владејачко мнозинство предложија измени и дополнувања на Законот за социјална заштита, по скратена постапка. На оваа седница е и точка на дневен ред за избор на уставни судии. На предлог на претседателката на Комисијата Марија Георгиевска, на оваа седница ќе се разгледуваат предлозите Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за уставни судии. Во документот што е доставен до претседателот на Собранието се образложува дека Георгиевска ова го предлага поради тоа што Уставниот суд има само пет од двете судии. Доколку не се изберат наскоро уставни судии може да се доведе во прашање работата на Уставниот суд. На дневен ред на седницата, меѓуругото, е и изборот на министер за локална сампоуправа и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за здруженија. ев/лв/

Остани поврзан