• недела, 27 октомври 2024

Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела

Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Собранието денеска ја продолжи 17. седница, но поради работни обврски на пратениците е прекината, и ќе продолжи следната недела, како што најави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. 

Претходно пратениците го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, по скратена постапка, со којшто се врши усогласување со Законот за органите за државната управа и со Законот за прекршоци.

Собранието потоа започна расправа за Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, по скратена постапка. Но, пратениците од ДУИ побараа еден час пауза за превод на материјалите на албански јазик. По еден час пауза, иако материјалите беа обезбедени Милошоски ја прекина седницата најавувајќи дека ќе продолжи следната недела. ев/лв/

ФОТО: Принтскрин

Остани поврзан