• четврток, 30 јануари 2025

Собранието не придонело за партизација на дипломатијата, смета Гаши

Собранието не придонело за партизација на дипломатијата, смета Гаши

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оцени дека законодавниот дом не придонел за партизација на дипломатијата со изгласувањето на автентичното толкување на Законот за надворешни работи.

-Не се согласувам. Не го делам тоа мислење, Сепак, треба да знаете тоа што Собранието го носи, тоа што мнозинството на пратеници го носат, тоа е волјата на граѓаните. Квалификациите можат да бидат субјективни, објективни, но сепак треба да се сложиме дека во одреден момент во државата има политичко мнозинство кое е легитимно и легално и ги носи одлуките во интерес на граѓаните. Нормално дека тие избраници се избрани токму да ги гласаат и донесуваат одлуки во интерес на граѓаните, рече Гаши во изјава по брифинг со медиумите.

Кон крајот на минатата година, Собранието изгласа автентично толкување на Законот за надворешни работи. Собранието усвои две автентични толкувања на одредби од Законот за надворешни работи. Првото е за задолжителноста на презентацијата на програмата пред надлежната собраниска комисија. Додека, второто автентично толкување се однесува на можноста Владата по предлог на министерот да го отповика амбасадорот пред да наврши 4 години.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан