• понеделник, 23 декември 2024

Собранието го донесе дневниот ред на 73-тата седница, ќе продолжи со работа во 21 часот

Собранието го донесе дневниот ред на 73-тата седница, ќе продолжи со работа во 21 часот
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – Собранието доцна попладнево едногласно со 64 гласа „за“ го изгласа дневниот ред на 73-тата седница. Претходно во текот на денот, пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73-тата седница. На дневниот ред има 12 точки од кои првата за која во моментов е отворена расправа е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. За збор се пријавени 18 говорници, а поради обврски на претседателот на Собранието Тлат Џафери и пречек на делегација седницата ќе продолжи во 21 часот.вј/лв/

Остани поврзан