• сабота, 23 ноември 2024

Собранието ги донесе измените на законите за ДДВ и за акцизите

Собранието ги донесе измените на законите за ДДВ и за акцизите
Скопје, 11 март 2022(МИА) - Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари. - Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето. Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. ир/сп/

Остани поврзан