• сабота, 28 декември 2024

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност
Киев, 27 мај 2022 (МИА) - Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела Русија, Кирил во однос на конфликтот во Украина и усвои измени на уставот на УПЦ, што значи нејзина целосна независност. „Ние не се согласуваме со ставот на московскиот патријарх Кирил... за војната“, се вели во соопштението на црквата по одржувањето на соборот фокусиран на руската „агресија“ против Украина, каде што прогласи „целосна независност и автономија на Украинската православна Црква“. Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПС, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПС. зш/

Остани поврзан