• понеделник, 16 декември 2024

Снегот во Дебарско засега не создава поголеми проблеми

Снегот во Дебарско засега не создава поголеми проблеми

Дебар, 30 ноември 2024 (МИА) - Снежни врнежи кои го зафатија поширокиот дебарски регион, со поголем интензитет доцна попладнево, направија снежна покривка во градот од десеттина сантиметри, а на повисоките населени места таа е многу повисока.

Засега, според дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта нема прекин на сообраќајот на патиштата кои се под нејзина надлежност.

-Наши екипи се постојано на терен во расчистување на снегот од коловозите на кој има остатоци. Поради тоа, но и ниските температури, се препорачува без поголема потреба да не се тргнува на пат, а доколку е неопходно возачите да бидат многу внимателни, додаваат од секцијата.

Моментно располагаат со 80 тони сол и 100 кубни метри ризла, но во случај на потреба ќе набават дополнителна количина.

Надележните од трите општини во регионот, Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, велат дека тендерираните фирми ќе почнат со расчистување на снегот од патиштата и тротоарите.

Од Општина Дебар апелираат до граѓаните да не излегуваат непотребно во градот со автомобили и да не ги паркираат на улица, бидејќи ќе го попречуваат расчистувањето на снегот. вт/вг/

 

Фото: МИА/ с. Лазарополе ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан