• понеделник, 16 декември 2024

Смотрич: Изборот на Трамп е можност Израел да воспостави „суверенитет“ над окупираниот Западен Брег

Смотрич: Изборот на Трамп е можност Израел да воспостави „суверенитет“ над окупираниот Западен Брег

Тел Авив, 11 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска изјави дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „можност за Израел да воспостави суверенитет“ над окупираниот Западен Брег во 2025 година.

Тој рече дека постои широк консензус во владејачката коалиција и опозицијата во Израел против формирањето на палестинска држава што ќе го загрози постоењето на Израел, пренесува Ал Џезира.

-Единствениот начин да се отстрани оваа опасност од агендата е да се примени израелскиот суверенитет врз населбите во Јудеја и Самарија. Почнавме да ја подготвуваме потребната инфраструктура за спроведување на израелскиот суверенитет над Јудеја и Самарија (окупираниот Западен Брег), рече Смотрич.

Насилството од страна на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег наиде на меѓународна осуда и доведе до тоа некои земји да воведат санкции за голем број доселеници.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан