• четврток, 26 декември 2024

Смирена состојбата во Лондон, повлечен безбедносниот аларм

Смирена состојбата во Лондон, повлечен безбедносниот аларм
Лондон, 13 октомври 2020 (МИА) - Лондонската полиција соопшти дека безбедносното предупредување во болницата „Сент Томас“, која денеска беше евакуирана, веќе не е на сила. Според полицијата, ситуацијата се смирила и околу мостот Вестминстер и во болницата. Мостот Вестминстер, кој беше затворен за сообраќај, повторно е во функција и веќе нема забрана за излегување и влегување во болницата. „Дејли Стар“ пишува дека никој не е повреден, но сè уште не е јасно што точно се случило во болницата каде што престојуваше британскиот премиер Борис Џонсон, кога имаше коронавирус. Претходно британските медиуми јавија дека лондонската полиција блокираше дел од градот околу болницата „Сент Томас“ и го затвори мостот Вестминстер поради безбедносна закана Полицијата на Твитер соопшти дека вооружени полицајци влегле во болницата „Сент Томас“, дека никој не смее да влегува или излегува, а „Гардијан“ објави дека имало безбедносен инцидент во болницата. паг/    

Остани поврзан