• сабота, 23 ноември 2024

Сметките кај општинските јавни претпријатија граѓаните на Охрид можат да ги плаќаат преку платформата „Е - даноци“

Сметките кај општинските јавни претпријатија граѓаните на Охрид можат да ги плаќаат преку платформата „Е - даноци“

Охрид, 21 декември 2023 (МИА) – Граѓаните на Општина Охрид од денеска можат своите сметки кај општинските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место преку платформата „Е-Даноци“ (edanoci.ohrid.gov.mk), информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

-Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, додава Пецаков. аб/дма/

Фото/банер

 

Остани поврзан