• вторник, 24 декември 2024

МОФ и Здружението „Млад знак“ ќе го одбележат Меѓународниот ден на знаковниот јазик

МОФ и Здружението „Млад знак“ ќе го одбележат Меѓународниот ден на знаковниот јазик

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, вечерва ќе го одбележат Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Одбележувањето на овој ден ќе почне во 18 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.

- Придружете ни се на инспиративна вечер и слушнете ги членовите од глувата заедница кои преку моќни говори ќе ги споделат своите инспиративни приказни, предизвици и успеси, се наведува во соопштението на МОФ.

Според агендата, предвидени се и видео катче, катче за учење на основите на знаковниот јазик, како и изложба на букви на знаковен јазик. бд/бак/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан