• петок, 05 декември 2025

Слот не дозволува играчот да замине во Баерн

Слот не дозволува играчот да замине во Баерн

Ливерпул, 8.ноември 2025 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалери на англискиот шампион Ливерпул во досегашниот дел од сезоната Доминик Собослај го привлече интересот на Баерн Минхен. Но, менаџерот на „црвените“ Арне Слот категорично изјави дека играчот не е на продажба.

Вестите стигнуваат од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.

Унгарскиот репрезентативец во Ливерпул стигна во 2023 година летото за 70 милиони евра и оваа сезона се изгради како најсигурен во тимот на Слот. Тој има договор до летото 2028 година, но во Ливерпул веќе му подготвуваат нов договор на подолг временски период.

Романо додава дека управата на Ливерпул веќе подготвува договори за Рајан Гравенберх и Собослај. мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан