• сабота, 26 октомври 2024

Слот: Мечот со Арсенал ќе биде потежок од тој со Челси

Слот: Мечот со Арсенал ќе биде потежок од тој со Челси

Лондон, 25 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот на денешната  прес-конференција истакна дека очекува мечот со Арсенал да биде најголемиот предизвик за Ливерпул во досегашниот тек од сезоната.

-И пред и по натпреварот со Челси реков дека очекувам многу од нив оваа сезона и мислам дека тие ги потврдија моите зборови на „Енфилд“. Кога зборуваме за стилот на игра, тие се слични на Арсенал. Ако се погледнат двете претходни сезони, Арсенал беше далеку пред нас, но и пред Челси. Така што лесно е да се претпостави дека мечот со Арсенал ќе биде потежок од мечот со Челси. Ќе видиме кој каде ќе биде на крајот од сезоната. Нормално е да очекуваме тежок натпревар, особено што гостуваме, истакна Холанѓанецот.

Арсенал во недела од 17:30 часот го пречекува Ливерпул. дс

Фото: Архива

Остани поврзан