Слот: Играњето финале на „Вембли“ е нешто посебно
- Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше презадоволен по убедливата победа над Тотенхем (4-0) со која тимот обезбеди пласман во финалето на Карабао купот. „Црвените“ загубија на гостувањето во Лондон со 0-1, но на реваншот на домашен терен беа убедливи.

Ливерпул, 7 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше презадоволен по убедливата победа над Тотенхем (4-0) со која тимот обезбеди пласман во финалето на Карабао купот. „Црвените“ загубија на гостувањето во Лондон со 0-1, но на реваншот на домашен терен беа убедливи.
-Имавме неколку незаборавни ноќи овде, но пласманот во финалето е нешто посебно. Во Холандија имаме само еден куп турнир, а финалето е на крајот од сезоната, така што за мене тоа е ново искуство. Чувството е многу пријатно. „Вембли“ е неверојатен стадион и знам што значи тоа за Англичаните. И за Холанѓаните, бидејќи сме свесни за историјата на стадионот и големите финалиња одржани таму. Ќе се соочиме со многу силен противник. Њукасл е одличен тим, но и ние сме, изјави Слот.
Според него, има само една негатива од пласманот во финалето – мечот со Астон Вила во средината на неделата.
-Но, победите создаваат повеќе натпревари. Тоа е добро и мислам дека играчите стануваат посилни кога играат повеќе натпревари, додаде менаџерот на Ливерпул. дс
Фото: Архива