• вторник, 24 декември 2024

Словенија ќе даде милион евра за купување муниција за Украина

Словенија ќе даде милион евра за купување муниција за Украина

Љубљана, 18 март 2024 (МИА) - Словенија се приклучи на чешката иницијатива за купување на милион парчиња артилериска муниција за Украина од трети земји, соопшти денеска словенечкото Министерство за надворешни работи за агенцијата СТА.

Украина треба да ја добие првата пратка муниција во јуни.

Според соопштението на словенечкото МНР, Владата на седницата во четвртокот разговарала за чешката иницијатива, но не откри повеќе детали за договорот.

Официјална Прага предложи да се купи муниција за Украина од трети земји, бидејќи на Европската унија и недостасува производствен капацитет за муниција.

Според Еурактив, повеќе од 15 земји членки на ЕУ се подготвени да го финансираат купувањето, а на нив им се придодаде и  Канада.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан