• понеделник, 16 декември 2024

Словенија сака да организира самит ЕУ-Западен Балкан

Словенија сака да организира самит ЕУ-Западен Балкан
Брисел, 22 февруари 2021 (МИА) – За време на претседателството со ЕУ во втората половина на годината, Словенија би сакала да организира самит на ЕУ и Западен Балкан, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар на седницата на Советот за надворешна политика во Брисел. „Во наш интерес е да организираме самит ЕУ-Западен Балкан, како и еден неформален самит на кој ќе разговараме за силна ЕУ која ќе може да реши различни кризи, од здравствена до кибер, им рече Логар на словенечките новинари во Брисел преку видеоповик. Тој додаде дека суштинските подготовки за двата самита се веќе во тек и оти сепак треба да се разговара за конкретна агенда, пренесува СТА. јт/

Остани поврзан