• среда, 25 декември 2024

Словенија доби нова авиокомпанија

Словенија доби нова авиокомпанија
Љубљана, 23 февруари 2021 (МИА) - Во Словенија е основана нова авиокомпанија наречена „СаутИст Ерлајнс“ (SouthEast Airlines), објави денеска авио-порталот Сиера5, додавајќи дека превозникот првично ќе нуди чартер летови користејќи ја флотата Ербас А320. „СаутИст Ерлајнс“ ќе се фокусира на пазарите на Европската унија, а првиот комерцијален лет е планиран за почетокот на јуни, пренесува агенцијата СТА. Компанијата ќе започне со работа со еден авион од економска класа, со 180 седишта, а се очекува оваа година да додаде и Ербас А320. Првично, „СаутИст Ерлајнс“ има намера да ангажира три до четири екипажи за првиот авион, што е околу 35 вработени, заедно со персоналот на копно. Првенствено ќе работи во Југоисточна Европа, фокусирајќи се на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Грција и Турција. Засега е непознато дали „СаутИст Ерлајнс“ може да стане новата национална авиокомпанија на Словенија. Земјата нема национална авиокомпанија откако „Адриа ервејс“ банкротираше. паг/    

Остани поврзан