• понеделник, 23 декември 2024

Словенечката Влада усвои закон за дигитализација на здравството

Словенечката Влада усвои закон за дигитализација на здравството

Љубљана, 8 јуни 2023 (МИА) - Словенечката Влада усвои еден од првите нацрт-закони во рамките на здравствената реформа планирана во земјата - законот за дигитализација на здравствената заштита, објави словенечкиот портал 24ур.

Законот е предложен од министерот за здравство на Словенија, Даниел Бешич Лоредан. Според него, законот ќе воведе дигитална транспарентност во словенечкото здравство. Законот се очекува да стапи во сила на 1 јануари следната година.

„Системот потоа ќе се надградува две години, а врз основа на искуството на европските земји, очекуваме целосна имплементација доколку бидеме брзи и успешни“, рече Бешич Лоредан.

Законот за дигитализација на здравствената заштита ќе ги обврзе сите здравствени работници да испраќаат медицински досиеја до единствен информациски систем. Пациентите ќе имаат лесен и брз пристап до целата своја медицинска историја преку системот и ќе можат да видат кој ги прегледал нивните податоци.

„Со надградбата ќе постигнеме апсолутно безбеден, оперативен, транспарентен, дигитален систем“, нагласи Бешич Лоредан.

Здравствената реформа во Словенија, иницирана од владата на Роберт Голоб, предвидува воведување на нов систем за финансирање на здравствената заштита и укинување на дополнителното здравствено осигурување. ссм/

Остани поврзан