• вторник, 24 декември 2024

Словенец со години го криел телото на покојната мајка поради пензијата

Словенец со години го криел телото на покојната мајка поради пензијата
Љубљана, 23 ноември 2020 (МИА) - Словенечката полиција уапси 67-годишен маж, кој повеќе години го криел телото на покојната мајка, тврдеји дека е жива, за да ја добива нејзината пензија. Полицијата била алармирана од роднини на жената, која би имала 97 години, кои барале да ја посетата, а нејзиниот син постојано одбивал. Телото на починатата жена било пронајдено во станот на уапсениот во Љубљана. Се претпоставува дека жената починала пред неколку години. Но, не се утврдени причината и датумот на смртта. Според дел од словенечките медиуми жената последен пат била видена пред шест години, додека според други медиуми таа била видена во 2011 година. Уапсениот син, чие име не е соопштено, ги лажел роднините дека неговата мајка не сака никој да види. Тој го фалсификувал нејзиниот потпис и продолжил да ја прима нејзината пензија. ми/

Остани поврзан