• сабота, 23 ноември 2024

Словачкиот премиер Фицо критикуван поради гостување на руската државна телевизија

Словачкиот премиер Фицо критикуван поради гостување на руската државна телевизија

Братислава, 31 октомври 2024 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера изјави за руската државна телевизија „Русија-1“ дека сака да ја посети Москва следната година на Денот на победата и го критикуваше пристапот на Европската унија кон војната во Украина, што ја налути словачката опозиција.

Неговото појавување на државната телевизија, опишано од словачките медиуми како прво гостување на лидер на ЕУ по нападот на Русија врз Украина во февруари 2022 година, наиде на остри критики во Словачка и ја истакна промената во надворешната политика на Словачка за време на неговото владеење.

Левичарската националистичка влада на Фицо веднаш ги запре воените испораки на Киев откако пред една година ја презеде функцијата и тврдеше дека пратките со оружје го продолжуваат конфликтот.

Фицо, исто така, се обиде да ги задржи односите со Русија, додека Европската унија најмногу се обидуваше да ја изолира Москва.

Во интервју со прокремљ водителката Олга Скабеева, Фицо рече дека би сакал да биде на прославата на Денот на победата на 9 мај следната година и рече дека мировниот план на Киев не е одржлив.

-Тоа веќе не е некаква мировна формула, одеднаш и неочекувано почна да се нарекува победнички план, рече Фицо, чии изјави беа преведени на руски.

„Доколку некој сака ескалација на тензијата, тогаш ќе го каже токму ова: дајте ми нуклеарно оружје на терен, дајте ми ракети со долг и среден дострел и ќе ги употребиме против руски цели“, рече тој.

Словачките опозициски партии ги критикуваа изјавите на Фицо.

-Дома неговата влада се распаѓа, здравствената заштита не е тема за премиерот, но тој ќе најде време да му служи на Путин, изјави Михал Шимечка, шеф на најголемата опозициска партија во парламентот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан