• сабота, 23 ноември 2024

Словачка ќе протера тројца руски дипломати

Словачка ќе протера тројца руски дипломати

Братислава, 14 март 2022 (МИА) - Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава.

„Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.

- Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати, рече денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи. паг/

Остани поврзан