• вторник, 24 декември 2024

Словачката претседателка ќе му го додели на Фицо мандатот за составување влада

Словачката претседателка ќе му го додели на Фицо мандатот за составување влада

Братислава, 2 октомври 2023 (МИА) – Словачката претседателка, Зузана Чапутова, попладнево ќе се сретне со Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на изборите, што се одржаа во сабота, и ќе му даде политички мандат да ги почне преговорите за формирање нова влада, соопштија од нејзиниот кабинет. 

Фицо и неговата партија СМЕР освоија речиси 23 отсто од гласовите по кампањата за прекин на воената помош за Украина. СМЕР го победи либералниот противник Прогресивна Словачка (ПС), која доби 18 отсто од гласовите.

Бидејќи нема мнозинство, се очекува Фицо да се обиде да формира коалициска влада со Хлас, партија која се отцепи од СМЕР во 2020 година и освои речиси 15 отсто од гласовите на изборите, а најверојатно и со про-руската словачка национална партија (СНС), која освои 5,6 отсто од гласовите. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан