Дојава за бомба во средно училиште во Словачка, учениците пратени дома
- Гимназија во Братислава по електронска пошта била известена за поставена бомба, соопшти полицијата.

Братислава, 5 декември 2023 (МИА) - Гимназија во Братислава по електронска пошта била известена за поставена бомба, соопшти полицијата.
Полицијата во објава на Фејсбук демантираше дека имало експлозија и наведува дека истрагата е во тек.
Некои словачки портали претходно објавија дека на учениците не им било дозволено да влезат во училиштето и дека се пратени дома, а закани за бомби добиле и други училишта. паг/
Фото: МИА архива