• недела, 28 јули 2024

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам
Хаг, 30 март 2020 (МИА) – Од холандски музеј кој е затворен поради пандемијата на коронавирусот, синоќа е украдена слика на холандскиот уменик Винсет Ван Гог чија вредност се проценува на еден до шест милиони евра. Музејот Сингер Ларен во истолниот дел на Амстердам соопшти дека сликата „Пролетмна градина“ била украдена во раните утрински часови откако крадците ја скршиле стаклената врата на влезот на музјот. Алармот ведаш се вклучил, но крадците избегале пред да дојде полицијата. Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко.  јт/

Остани поврзан