• среда, 25 декември 2024

Слика на Бенкси се очекува на аукција да се продаде за неколку милиони фунти

Слика на Бенкси се очекува на аукција да се продаде за неколку милиони фунти
Лондон, 14 октомври 2021 (МИА) - Делумно оштетено платно со едно од најпознатите дела на британскиот „скриен уметник“ Бенкси, се очекува денеска на аукција да се продаде за милиони. Делото - сега наречено „Љубовта е в ѓубре“, ќе биде понудено во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон. Проценетата продажна цена на сликата, порано нарекувана и „Девојчето со балон“, е четири - шест милиони британски фунти (пет  - седум милиони евра). Првото платно се продаде за речиси 1,1 милион фунти на истото место во октомври 2018 година. И делумно искинатото платно прикажува мало дете кое се протега кон црвениот балон во облик на срце. Оригиналот, што првпат се појави на ѕид во Источен Лондон, повеќепати се копираше на платно, интернет, а и во реклами на познати светски брендови. Британскиот печат го нарече едно од најзначајните уметнички дела од почетокот на 21 век. Алекс Бранчик, претседател на одделот за современа уметност во „Сотби“, смета дека трикот на Бенкси е во тоа што „не го уништил уметничкото дело со тоа што го скинал, туку го создал такво“, овојпат. Во меѓувреме, во март, делото во чест на негувателите на болни од коронавирус донесе на аукција рекордни 14,4 милиони фунти, коишто ѝ беа дарувани на државната Национална здравствена служба.  си/сд/

Остани поврзан