• четврток, 25 јули 2024

Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени

Следува период на многу топло време,  температурата до 40 степени

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - До крајот на денот сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево, топло и тивко. Температурата до 37 степени.

- Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. ир/аа/


Фото: МИА архива

 

Остани поврзан