Следната седмица средба Макрон-Меркел во Париз
- Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат на 16 септември во Елисејската палата, седиштето на францускиот претседател.
![Следната седмица средба Макрон-Меркел во Париз](https://mia.mk/index.php/images/20221108161101_big_730x400_43.webp )
Париз, 10 септември 2021 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат на 16 септември во Елисејската палата, седиштето на францускиот претседател.
Двајцата лидери ќе се состанат за да разговараат, меѓу другото, за ситуацијата во Авганистан.
Во соопштението се додава дека другите теми за дискусија ќе се движат од ситуацијата во Шахел до претстојното француско претседателство со Европската унија. ссм/