Слаб снег провејува на Попова-Шапка
- Слаб снег провејува на Попова-Шапка кој во моменов не се задржува на коловозот, соопшти попладнево ЈП Македонијапат.

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Слаб снег провејува на Попова-Шапка кој во моменов не се задржува на коловозот, соопшти попладнево ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/
Фото:МИА архива