• сабота, 23 ноември 2024

Скулптура од 4 век пр. н. е. пронајдена во канализација во Атина

Скулптура од 4 век пр. н. е. пронајдена во канализација во Атина
Атина, 16 ноември 2020 (МИА) - Дел од статуетка на древниот бог Хермес, во добра, сочувана состојба, е пронајдена во центарот на Атина при работа во канализацијата. Во известувањето на грчкото Министерство за култура, се вели дека главата на богот била најдена во петокот и се чини дека датира од крајот на 4 или почетокот на 3 век пред нашата ера. Статуата го прикажува Хермес во неговите „зрели години“, стои во соопштението на Министерството, за разлика од неговите вообичаени прикази како млад човек. Откако се нашла во канализационата мрежа, главата во еден миг се заглавила во ѕидот на одводен канал. си/ссм/

Остани поврзан