• сабота, 23 ноември 2024

Скудетото му носи нов договор на Инзаги

Скудетото му носи нов договор на Инзаги

Милано, 29 март 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер игра одлично сезонава, во поголемиот дел од сезоната е лидер во италијанското првенство и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, па нов договор за тренерот е само логичен редослед на настаните. 

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година, клубот сака да му обезбеди подолг престој, па ќе му понуди продолжување до 2027 година.

Симоне пристигна во клубот од Милано во 2021 година по неговиот ангажман во Лацио.

Оттогаш, тој освои вкупно пет трофеи – два Купа на Италија и три италијански Суперкупа.

Минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а оваа сезона како што стојат работите ќе го освои првото Скудето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан